• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Двајца украински војници убиени при престрелка во Доњецк

Двајца украински војници убиени при престрелка во Доњецк

Киев, 17 мај 2018 (МИА) - Двајца украински војници загинаа, а четворица други се ранети при престрелка на припадници на Армијата на Украина со проруските сепаратисти во реонот на Доњецк во источниот дел на земјата, соопшти денеска Министерството за одбрана во Киев.

Во соопштението се посочува дека и покрај прогласеното примирје, „состојбата на фронтот“ се усложува и дека „бунтовниците“ се почесто ги напаѓаат силите на украинската Армија, вклучително и со ракетни системи „Град“.

Украинските власти соопштија и дека утрово артилериска грана паднала во дворот на улишите во градот Свитлодарск, кој се наоѓа во дел од регионот на Доњецк под контрола на Киев.

Од експлозијата биле искршени триесттина прозорци на училишната зграда во која во тоа време се наоѓале околу 440 лица, меѓу кои и над 390 деца. сп/18:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.