• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Џафери-Меј: Посилно Собрание значи посилна Македонија

Џафери-Меј: Посилно Собрание значи посилна Македонија

Скопје, 17 мај 2018 (МИА) - Собранието на Република Македонија е посветено на вистинската улога на законодавниот дом, а резултат за тоа е неодамна добиениот Извештај за напредокот од Европската комисија, истакна поладнево спикерот на македонскиот Парламент Талат Џафери на приемот во чест на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј.

- Ова е дом на граѓаните, отворен и достапен за сите добронамерници, и за да постигнеме транспарентно и вистински функционално Собрание, постојано правиме реформи по примерот на земјите во кои парламентарната демократија е одамна воспоставена. Имаме несебична помош од нашите меѓународни пријатели: Проектот Вилтон Парк за градење на ефикасен и независен парламент е реализиран со поддршка на Владата на Обединетото Кралство и Фондацијата Вестминстер и таму, и власта и опозицијата, дадоа свој несебичен придонес, истакна Џафери.

Премиерката Меј рече дека најуспешните парламенти имаат две заеднички работи. Првата, дека тоа се места каде граѓаните имаат слободен пристап до своите претставници и знаат каква работа се врши во нивно име,  а втората е дека парламентите треба да бидат места каде пратениците се во позиција и сакаат да ја предизвикаат Владата и другите јавни институции со прашања за нивните активности и политики. 

- Знам дека изминатава година оваа зграда посведочи тешки времиња. Но свесна сум и за промените кои се случија оттогаш и за желбата за реформи во насока ова Собрание да ги исполни ваквите стандарди. Горда сум што Обединетото Кралство ги поддржува овие реформи преку нашите програми за финансирање. Кога владее демократијата, придобивките ги чувствуваме сите. Посилно Собрание значи посилна Македонија, порача Меј. бк/бак/18:56

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Јутјуб воведува полесно препознавање на песните во видеата

Платформата за споделување видео снимки Јутјуб вов...

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...