• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Вучиќ: Не сум оптимист за прашањето за Косово

Вучиќ: Не сум оптимист за прашањето за Косово

Мадрид, 18 мај 2018 (МИА) - Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“. 

- Тоа не е лесно. Се уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис, нагласува Вучиќ.

Вучиќ вели дека и покрај расположението на Србија за изнаоѓање компромис, не може да гарантира дека и „другата страна“ е подготвена на тоа.  

Српскиот претседател истакнува и дека ако Србија сака иднина, ќе треба да ги остави во минатото своите трауми и битки.

- Имавме многу војни во 20-от век, кои не ги сакавме. Треба да ги оставиме во минатото и да работиме на воспоставување на мир и стабилност во целиот регион и во Србија, додава Вучиќ во интервјуто. сп/16:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...