• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 69 години од основањето

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 69 години од основањето

Скопје, 21 мај 2018 (МИА) - Со молебен посветен на светите браќа Кирил и Методиј со кој чиноначалствуваше  Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан почна чествувањето на патронатот на УКИМ како и славењето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај.

Ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски на свеченоста потсети дека УКИМ, што годинава одбележува 69 години од основањето, е најголемиот, најстариот универзитет во Македонија.

- Нашиот универзитет е најстарата високообразовна институција во земјава, со најголем број студиски програми што ги има над 500, така што идните кандидати, студенти на нашиот универзитет ќе имаат убава можност да одберат според желбите, потребите и афинитетите, рече Јанкуловски.

УКИМ

Истакна дека развојот на универзитетот најдобро го гледа во подобрување на квалитетот на студиските програми, привлекување што поголем број странски студенти, и додаде оти од особено значење претставува и интернациопналната размена со Еразмус програмите на студенти и на професори.

Пред споменикот на светите Кирил и Методиј беа положени цвеќиња од претставници на факултетите и институтите во рамки на УКИМ, како и од рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак.

УКИМ

Звањето почесен професор на Универзитетот (proffesor honoris causa) беше доделено на проф. д-р Фридрих Хербст, професор на Медицинскиот универзитет во Виена - универзитет „Зигмунд Фројд“, во знак на признание за достигнувањата во наставно-едукативната, научно-истражувачката дејност, како и за големите заслуги во развојот на македонската абдоменална хирургија. 

Хербст рече дека се чувствува горд и почестен што токму тој е одбран за ова звање, посочувајќи дека првите контакти со УКИМ датираат уште од 2003 година.

- Во 2006 година ми беше доделена титулата визитинг професор, што беше причина за зајакнување и олеснување на меѓусебната соработка. Во 2009 ми претставуваше особена чест да присуствувам на свеченостите по повод 60-годишнината од основањето на универзитетот и по тој повод да го претставам мојот Универзитет, рече Хербст. 

Хербст има голем придонес во унапредувањето на македонската хирургија и медицината воопшто. Активно учествува во едукацијата на кадри од Клиниката за дигестивна хирургија, со практично изведување операции, особено со методата на минимално инванзивна хирургија на абдоменот. 

Вечерва во Македонска филхармонија ќе се одржи свечена академија, на која ќе се обратат ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски и премиерот Зоран Заев. нд/сд/12:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...