• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Турција размислува за купување на руски, наместо американски авиони

Турција размислува за купување на руски, наместо американски авиони

Анкара, 27 мај 2018 (МИА - Турција размислува да купи руски борбени авиони СУ-57 во случај САД да ја одбијат да и продадат воени авиони Ф-35, пишуваат турските медиуми.

Весникот „ЈениСафак“ пишува дека Анкара не планира да се откаже од американските авиони, чија испорака треба да почне во јуни.

Како што се наведува, Турција започнала разговори за можна замена на американските авиони со руски, кои се двојно поевтини.

Турското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти  дека Турција може да преземе одредени мерки против САД, ако Вашингтон го укине договорот за купување на Ф-35. ир/20:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ