• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Коѕијас во посета на Германија

Коѕијас во посета на Германија

Атина, 26 мај 2018 (МИА) - По активностите во Брисел и учеството на Советот за надворешни прашања на ЕУ, шефот на грчката дипломатија денес попладне заминува за Германија каде што ќе биде примен од претседателот Франк Валтер Штајнмаер, додека пак утре ќе се сретне со неговиот германски колега.

Според официјалното соопштение од грчкото МНР, како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас и Хеико Мас ќе разговараат за прашања поврзани со билатералната соработка, но и за теми од европски и регионален интерес со акцентот ставен на последните случувања на Западен Балкан и на Блискиот Исток.

Од министерството за надворешни работи на Грција, соопштуваат дека во текот на јуни, Коѕијас ќе ја посети Москва по покана на рускиот МНР, Сергеј Лавров, а потоа во Атина, ќе го прими шефот на француската дипломатија.

-Конкретниот циклус високи контакти на министерот за надворешни работи ќе заврши со официјална дводневна посета на Кина во текот на летото, соопштуваат од грчкото МНР. ср/сд/09:55

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...