• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Книжевна вечер со музика и поезија „Соаре во градините“

Книжевна вечер со музика и поезија „Соаре во градините“

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Книжевна вечер со музика и поезија „Соаре во градините“ вечер ќе се одржи во дворот на Резиденцијата на Франција.

Книжевната вечер е дел од културните активности на здружението „Пријателство Франција-Македонија“ во соработка со Амбасадата на Република Франција, а во врска со настаните на Министерството за култура на Франција „Соаре во градините“ и на музичкиот фестивал „Празник на музиката“.

Се работи за доброволен настан, осмислен и реализиран од страна на претседателот на здружението, Матијас Васкез и македонската франкофонска поетеса Наташа Сарџоска. 

Во програмата е предвиден омаж кон книжевното и поетско творештво на франкофонски македонски автори, меѓу кои академици, писатели и поети, како Катица Ќулавкова, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Агнеса Чаволи и Јосип Коцев, кои се поканети на книжевна дебата и поетско читање во придружба на франкофонските студенти и македонски музичари. 

На книжевната вечер се поканети француската и франкофонска заедница во Македонија, членови на здружението, како и неколку владини, дипломатски, уметнички и академски претставници во Македонија. мд/бак/08:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ