• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

„Дел од мене“ - изложба во КИЦ на Македонија во Софија

„Дел од мене“ - изложба во КИЦ на Македонија во Софија

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер од 18:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Дел од мене“, составена од фотографии и кратки видеозаписи, дел од видеоперформанс на уметниците Ферди Булут и Дарко Талески.

КИЦ на РМ соопшти дека проектот го реализираат двајца ликовни уметници кои живееат во пелагонискиот регион на Македонија каде што се уште тутунот е една од доминатните култури за финансиски приход. 

- Од овој регион потекнуваат голем број видни уметници од сите области, чијшто мотив често бил тутунот. Ферди потекнува од рурална средина директно инволвиран од најрано детство во обработката на тутунот,  Дарко од урбана средина, кој никогаш не бил директно вклучен во обработка на тутун, но неговото опкружување му дава можност да се запознае со тој процес. Едниот е од турска, а другиот од македонска националност, што уште повеќе го збогатува нивното заедничко творештво..., наведува макеонскиот КИЦ во Софија во најавата на изложбата. хс/бак/08:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...