• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

Рим/Виена, 14 јуни 2018 (МИА) - Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името. 

Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност.

-  Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес кој е  многу важен за двете земји, за Југоисточна Европа и за Европа во целост, вели Моаверо, додавајќи оти ова е единствена можност што мора да се искористи.

Гремингер, пак, го нагласува значењето на дијалогот и компромисот во  овој процес.

 - Овој историски договор може да доведе до долгорочно решение во корист на сите граѓани и на целиот регион, наведува генералниот секретар на ОБСЕ. дма/са/08:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...