• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Во Скопје санкционирани 65 возачи за брзо возење

Во Скопје санкционирани 65 возачи за брзо возење

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје побрзо од дозволената брзина возеле 65 возачи, а 12 биле под дејство на алкохол. Тринаесет возачи користеле мобилен телефон додека возеле.

Билтенот на СВР Скопје покажува дека се случиле вкупно осум сообраќајки од кои четири со повредени лица и четири со материјална штета. Полесно повредени биле шест лица. 

Од сообраќај се исклучени 13 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и четворица возачи почетници. Со истечена сообраќајна дозвола биле 20 возачи, а едно возило било неисправно.

Пет возачи поминале на црвено светло, а двајца не им дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.   

Непрописно паркирани возила биле 104, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 61 возило. 

Кај пешаците, осум поминале надвор од пешачки премин, а шест поминале улица на црвено светло. бак/са/09:43

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ