• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Стрип-авторот Игор Стевковски-Стевац добитник на признанието „Љупчо Филипов“

Стрип-авторот Игор Стевковски-Стевац добитник на признанието „Љупчо Филипов“

Велес, 14 јуни 2018 (МИА) - Игор Стевковски-Стевац е годинашен добитник на признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија кое го доделува Стрип-центарот на Македонија (СЦМ), со седиште во Велес. Именувано е по прерано починатиот бард на македонскиот стрип Љупчо Филипов. На Стевац ќе му биде врачено на 16. Меѓународен салон на стрип Велес 2018 во средината на октомври.

Игор Стевковски (1976) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика. Црта карикатури и илустрации и има работено за „Детска радост“ и „Остен“

- Но за пошироката публика најважно е што Стевац 14 години е илустратор на стрипот кој излегува во неделникот „Фокус“. Овој стрип всушност нема име и е негово алтер-его. Во стрипот има дефилирано скоро цела политичка сцена во државата. Во изработката на стрипот се смениле повеќе сценаристи коишто без пардон ги критикувале слабостите на политичарите од власта, претставени на комичен начин, рече Томе Трајков од СЦМ-Велес.

Стрип Стевац

Додаде дека дејноста на Стевковски-Стевац е уште еден показател дека Македонија изобилува со стрип уметници, помалку или повеќе познати, а  нивниот опус треба да се афирмира.

Досегашни добитници на признанието „Љупчо Филипов“ се: Миле Топуз, Диме Иванов Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков,  „Тајфа Арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, Иванка Апостолова, Киро Донев, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски, Стрип-книжарницата „Бункер“, Галерија и списание „Остен“, Томе Трајков,  Александар Стеванов. ад/хс/10:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...