• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Фајон: Визна либерализација за граѓаните на Косово оваа година

Фајон: Визна либерализација за граѓаните на Косово оваа година

Приштина, 14 јуни 2018 (МИА)- Пратеничката и известувачка на Европскиот парламент за визниот режим со Косово, Тања Фајон, му пренесе синоќа на претседателот на косовското Собрание Кадри Весели дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе се случи оваа година, се вели во соопштението на косовскиот Парламент.

Оттаму известуваат дека Фајон му пренела на првиот човек на законодавниот дом оти Косово ги исполнило сите критериуми за визна либерализација.


Фајон му рекла на Весели дека штом ЕК излезе со позитивен извештај во јуни, таа тоа прашање че го стави на дневен ред во Европскиот парламент на почетокот на јули.

По комисијата и Европскиот парламент, последен збор за визната либерализација го дава Европскиот совет. ир/зш/12:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...