• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Средбите на бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Софија, се откажани, соопшти прес-службата на Владата на Бугарија.

- Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.

Претседателот Иванов од денеска е во дводневна официјална посета на Бугарија. Според најавите од неговиот кабинет, освен со неговиот домаќин бугарскиот претседател Румен Радев, во Софија требаше да има средби и со Борисов и Захариева. дма/са/10:42

Фото: Бгнес

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...