• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

РСБСП: Елимирање на стресот што влијае врз способноста и однесувањето на возачите

РСБСП: Елимирање на стресот што влијае врз способноста и однесувањето на возачите

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска преку соопштение укажа на потребата од целосна фокусираност во сообраќајот и елимирање на стресот кој влијае врз способноста и однесувањето на возачите. 

- Имајќи ги предвид последиците од сообраќајните незгоди, секој учесник во сообраќајот мора да биде максимално фокусиран и одговорен, без разлика на професијата, без разлика на приватните обврски, без разлика на тоа кој е, што работи, со какви лични и професионални проблеми се соочува. Зад воланот, додека управува со возилото, единствена задача на возачот е да се фокусира на возењето, стои во соопштението. 

Стресот може да се дефинира како неспецифична реакција на организмот под висок притисок, напрегање и напор во одредени психо-социјални околности, во потесна или поширока социјална средина. Факторите што предизвикуваат стрес може да бидат од биолошка, психолошка и од социјална природа и согласно на тоа стресот влијае на телесната, психичка и социјална функција на организмот. 

Според РСБСП, врската меѓу стресот и однесувањето на учесниците во сообраќајот е нераскинлива, а се манифестира на неколку начини, преку опасно и ризично возење: агресивно, расеано и емотивно возење.

- Стресот со кој секојдневно се соочуваат учесниците во сообраќајот влијае на културата, на етиката и на меѓусебната толеранција и почитување меѓу учесниците во сообраќајот. Стресот влијае на пристапот кон одредени случувања во сообраќајот, влијае на индивидуалните одлуки што ги носат учесниците во сообраќајот и влијае на дејствијата што ги прават или не ги прават учесниците во сообраќајот, се вели во соопштението од РСБСП. 

Најефикасен начин за справување со стресни ситуации, според РСБСП, е адаптирање кон условите и настанатите ситуации, поголема самодоверба и самоконтрола, концентрација, позитивна мисла и релаксација. мд/дма/11:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...