• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Министерот Дураки оствари работна средба со претставници на ЕЕА

Министерот Дураки оствари работна средба со претставници на ЕЕА

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска оствари работна средба со високите претставници од Европската агенција за животна средина (ЕЕА), предводени од извршниот директор Ханс Брунинкс.

На средбата, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговараше за улогата на ЕЕА во правец на обезбедување на квалитетни и интегрирани податоци за животна средина, индикатори, проценки и тематски анализи со цел да се обезбеди солидна база на решенија за политики во животната средина во ЕУ.

Соработката, како што се наведува во соопштението, ги опфаќа не само државите членки, туку и државите кандидати и потенцијални кандидати и оние кои се опфатени со Европската соседска политика.

- Посебен акцент беше ставен на долгогодишната соработка со Македонски информативен центар за животна средина која беше оценета со највисоки оценки, а Република Македонија во овој дел е оценета како една од најдобрите во регионот. Двете страни се заложија за продолжување и унапредување на соработката, особено во услови на унапредување на претпристаните процеси кон Европската унија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Средбата е во рамки на третата официјаната посета на Република Македонија од страна на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). мд/дма/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ