• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Косово влезе во агендата за зачленување во Интерпол, објави Пацоли

Косово влезе во агендата за зачленување во Интерпол, објави Пацоли

Приштина, 14 јунио 2018 (МИА) – Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли објави дека добил потврда дека неговата земја е влезена во агендата за зачленување во Интерпол, на собрание што ќе се одржи во ноември во Дубаи, јавува дописникот на МИА од Приштина.

- Една многу добра вест за нашата земја. Косово се потврдува уште еднаш во агендата за зачленување во Интерпол, објави Пацоли преку Фејсбук.

Поддршката, според шефот на косовската дипломатија, е добиена со мнозинство гласови на состанокот на Извршниот совет на организацијата, одржан во Лион, Франција.

- Зачленувањето на Република Косово во Интерпол не претставува закана за никого. Косово во Интерпол помага во глобалната борба против организираниот криминал, насилниот екстремизам и другите криминални феномени, порача Пацоли.

На зачленувањето на Косово во оваа и во други меѓународни организации и институции остро се спротивставува Србија, која во тие напори ја има поддршката на своите сојузници, како Русија, Кина и други. иа/зш/11:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...