• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Лондон: Зграда во пламен, на годишнината од пожарот во Гренфел кула

Лондон: Зграда во пламен, на годишнината од пожарот во Гренфел кула

Лондон, 14 јуни 2018 (МИА) - Во 20-катна зграда во јужниот дел на Лондон денеска изби пожар, при што се евакуирани 180 лица. 

Пожарот избил околу 4 часот утрово на тераса на 13 кат и многу брзо е ставен под контрола, пишува британски „Телеграф“.

Според пожарникар, системот за гаснење на пожар, кој се активирал, спречил голема штета, а таа служба примила речиси 17.000 дојави за тој пожар.

Во гаснењето учествувале 60 пожарникари, а на лице место дошле полиција и брза помош.
Весникот пишува дека пожарот се случил на годишнината од трагедијата во Гренфел кула, кога во пожар настрадаа 71 лице. ир/зш/12:08

###


        

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.