• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Вчера во 18.00 часот на регионалниот пат Струмица-с.Куклиш-с.Банско дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.С. (23) од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.З. (42) од Струмица.

Како што информира МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје и се наоѓа во животна опасност.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Вчера во периодот од 19.30 до 23.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје,  пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир. За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“. кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален). Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.

На улица „ЈНА“ во Гостивар, вчера околу 11.30 часот во куќата сопственост на Ф.Ј.(42), при извршување на решение од страна на извршителка, при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштоли: „ЦЗ“ калибар 9мм со рамка без куршуми и „Екол Волга“ калибар 9мм со рамка без куршуми и еден куршум калибар 9мм. За пронајденото оружје, Ф.Ј. не поседувал дозвола. Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13.00 часот на место викано „Мало Мовче“ во Велес било пронајдено 12-годишно момче, штитеник на дом, кое било пријавено за исчезнато на 18.05.2018 година. аа/12:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ