• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

ЕК предлага поголем буџет за проширувањето на ЕУ од 2021

ЕК предлага поголем буџет за проширувањето на ЕУ од 2021

Брисел, 14 јуни 2018 (МИА) – Европската Комисија денеска предложи да се зголеми буџетот за процесот на проширување на ЕУ.

Предлогот е дел од сѐвкупниот план на Комисија да се зголоми буџетот на Унијата за надворешни работи, вклучително и аспекти како хуманитарната помош.

Претпристапниот инструмент, со новиот буџет, би се зголемил за 13 отсто, на 14, 5 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027.

Разликата со претходниот инструмент е што новиот би бил фокусиран на фундаментални приоритети на Унијата како владеењето на правото, јавната администрација и економските реформи. До сега инструментот се дефинираше по земји, а не по приоритети.

Новот пристап, смета ЕК, ќе овозможи подобра мониторинг врз реформите во земјите кандидатки.

-Зголемениот и реформиран буџет ќе ни овозможи да продолжиме да работиме со оние земји кои се одлучени да се придружат кон ЕУ, изјави Јоханес Хан.

Предлог-буџетот на ЕК треба допрва да биде прифатен од Парламентот на ЕУ и земјите членки. тм/зш/13:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...