• A-
  • A
  • A+
понеделник, 25 јуни 2018, 

Турција и предлага на Русија заедничко производство на ракетните системи С-500

Турција и предлага на Русија заедничко производство на ракетните системи С-500

Анкара, 14 јуни 2018 (МИА) - Турција и предложи на Русија заедничко производство на антибалистички ракетни системи С-500, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, потврдувајќи ја намерата на официјална Анкара да добие руски системи и покрај негодувањето на САД.

- Освен тоа (освен системите С-400), упатив предлог до Русија за заедничко производство на С-500, изјави турскиот претседател во телевизиско интервју.

Комплексите C-500 се уште се развиваат и се очекува да бидат подготвени до 2020 година, како дополнување на постојните C-400, но се со поголем дострел. Турција ќе ги добие првите комплекси С-400 до јули 2019 година.

Како одговор на реакциите на одделни земји против тоа Турција да се стекне со системи С-400, Ердоган потсети дека и Грција, која исто така е членка на НАТО, има постара верзија на руските ракетни системи С-300 на своја територија. ссм/16:00

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Актерот Мајкл Рапапорт спречил можна авионска несреќа

Холивудскиот актер Мајкл Рапапорт имал драматично ...

Фридленд доби отказ од „Нетфликс“ поради расизам

Компанијата „Нетфликс“ го отпушти главниот службен...

„Чоколаден Меси“ за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер

Московските слаткари, откако дознаа дека родендено...

Стинг ги нарече светските лидери кукавици

Британскиот музичар Стинг во Атина ги нарече светс...

Романтична свадба на ѕвездите од „Игра на тронови“

Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит Харинг...