• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Велика Британија одбележува една година од пожарот во Гренфел кулата

Велика Британија одбележува  една година од пожарот во Гренфел кулата

Лондон, 14 јуни 2018 (МИА) - Со 72 секунди молк (по една за секоја од жртвите), зелени шалови и пуштање гулаби, Велика Британија денеска оддаде почит на загинатите во пожарот во Гренфел кулата во Лондон, во кој загинаа 71 лице.

Во текот на ноќта на 14 јуни 2017 година се запали кујна на четвртиот кат во станбен блок, а како последица на оштетен фрижидер. Пламените брзо ја опфатија 24-катната зграда, а десетици жители останаа заробени во огнената стихија.

Роднини и пријатели на жртвите се собраа денеска малку пред 11 часот по локално време во црквата „Света Елена" во Лондон, за да оддадат почит на жртвите.

Во близина на олтарот на црквата беа поставени големи зелени срца - бојата која симболизира трагедија. Имињата на жртвите беа прочитани за време на церемонијата.

Во спомен на жртвите имаше минута молчење и во британскиот Парламент, а исто така и во Русија ,на тренингот на англиската репрезентација, која ќе учествува на Светското првенство, кое почнува денеска..

По церемонијата во британскиот главен град беа пуштени гулаби и беше организирана поворка на местото на пожарот. ссм/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...