• A-
  • A
  • A+
понеделник, 25 јуни 2018, 

Средба на министерот Адеми со францускиот амбасадор Тимоние

Средба на министерот Адеми со францускиот амбасадор Тимоние

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Министерот за култура Асаф Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Скопје, Кристијан Тимоние.

Адеми, како што информираат од Министерството, му се заблагодарил на амбасадорот Тимоние за посетата и изразил подготвеност за плодна соработка во областа на културата со француските културни институции.

Со почит кон француската култура и за работата на Францускиот институт во Скопје, министерот Адеми изразил добра волја за градење на мостови на соработка и взаемни размени со француските културни институции, се вели во соопштението.

Амбасадорот Тимоние изразил благодарност за оваа волја на министерот Адеми и, исто така, изразил, подготвеност за соработка за афирмација на проекти од областа на културата. аа/дма/16:02

###





Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.