• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Шпанската Влада можно е да ги премести притворените каталонски сепаратисти поблиску до нивните домови

Шпанската Влада можно е да ги премести притворените каталонски сепаратисти поблиску до нивните домови

Мадрид, 14 јуни 2018 (МИА) - Новата шпанска Влада денеска најави дека е отворена за преговори за преместување на притворените каталонски сепаратисти поблиску до нивните домови, како гест на добра волја за решавање на кризата со сепаратистите во Каталонија преку дијалог.

Владата ја укина финансиската контрола над Каталонија минатата недела и најави дека ќе продолжи со разговорите со регионалната влада.

Премиерот Педро Санчез ќе се сретне со регионалниот каталонски лидер Ким Тора во текот на летото, што ќе биде прва таква средба после неколку години.

Деветмина припадници на поранешната каталонска влада и водачи на активистички групи се уапсени и чекаат почеток на судски процес заради учество на референдумот за независност, кој беше забранет со Уставот. Тие се наоѓаат во затвори во близина на Мадрид, стотици километри од нивните домови, и постојано бараа да бидат преселени во затворите во Каталонија. ссм/16:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ