Две третини од Италјанците ја поддржуваат тврдата линија на министерот за внатрешни работи за мигрантите

Две третини од Италјанците ја поддржуваат тврдата линија на министерот за внатрешни работи за мигрантите

Рим, 19 јуни 2018 (МИА) - Двајца од тројца анкетирани Италијанци го поддржуваат пристапот на новиот министер за внатрешни работи и вицепремиер на Италија Матео Салвини за решавање на миграцискиот проблем, покажуваат резултати од анкета на јавното мислење, објавенa денеска од агенција Swg.

Поддршка за забраната  за бродови со спасени мигранти да влезат во италијанските пристаништа, изразуваат 63 отсто од учесниците во анкетата, а 94 проценти од поддржувачите на Лигата ја поддржуваат тврдата линија на нејзиниот лидер Салвини. На Салвини поддршката му даваат и 84 проценти од електоратот на Напред Италија и 78 отсто од гласачите на Движењето Пет ѕвезди, коалициски партнер на Лигата.

Според анкетата, антиимиграциското расположение е карактеристично за една третина (33 проценти) од приврзаниците на политичкиот противник на владејачките - Демократската партија, која во последните пет години водеше политика за прием на мигранти.

Опцијата Италија да прими мигранти, кои потоа ќе бидат префрлени во други земји од ЕУ, ја поддржуваат 36 отсто од анкетираните.

Агенција Swg прави споредба со 2003 година, кога мнозинството од Италијанците (64 отсто) ги сметале мигрантите како дополнителен ресурс за развојот на економијата. Во 2012 година, овој показател падна на 50 отсто, а минатата година оние кои го поддржаа приемот на мигранти не надмина 35 отсто.

Половина од Италијанците сметаат дека мигрантите се закана за безбедноста и пораст на криминалот.ир/21:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ