• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јули 2018, 

Протести против промена на името пред Собранието и резиденцијата на Иванов

Протести против промена на името пред Собранието и резиденцијата на Иванов

Скопје, 20 јуни 2018 (МИА) - Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името и вечерва се одржа протест пред Собрание на Република Македонија.

Демонстрантите потоа се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, за да му дадат поддршка.

- Нема компромис. Едно име имаме. Македонија, извикуваа демонстрантите пред резиденцијата на Иванов.

Тие го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да се одважи и не се плаши, порачувајќи му дека ќе го бранат, како што тој ги поддржува.

Демонстрантите велат дека договорот за името со Грција е штетен и дека не смее да се преговара за името.

На демонстрантите не им беше дозволено да се качат до резиденцијата, полициски кордон застана пред нив и тие се собраа на крстосницата пред претседателската резиденција. аа/ац/22:19

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ