• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во близина на брегот на Шпанија спасени 569 мигранти (ДПЛ)

Во близина на брегот на Шпанија спасени 569 мигранти (ДПЛ)

Мадрид, 23 јуни 2018 (МИА) - Шпанската крајбрежна стража во повеќе операции спаси вкупно 569 мигранти од Северна Африка кои со бродови преку Средоземено Море се обиделе да стигнат до брегот на Шпанија.

Шпанските власти денеска спасиле 264 луѓе кои се превезувале со 16 бродови во Гибралтарскиот Проток.

Пред една недела Шпанија го презеде бродот „Аквариус“ со 630 мигранти откако Малта и Италија одбија да ги отворат своите пристаништа.

Шпанија е трета земја во Европска унија, по Италија и Грција, во која доаѓаат најголем број мигранти преку Средоземно Море.

Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои не сакаат да примат мигранти. ми/19:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...