• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Собраниската комисија за одбрана ќе предложи декларација за поддршка за членството во НАТО

Собраниската комисија за одбрана ќе предложи декларација за поддршка за членството во НАТО

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - Собраниската комисија за одбрана и безбедност ќе му предложи на Парламентот декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО.

- Очекуваме дека оваа декларација ќе биде со акламација усвоена на седницата на Собранието следниот вторник, на 17 јули, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за одбрана Хари Локвенец. 

На координативниот состанок на членовите на собраниската Комисија за одбранаи безбедност, одржан денеска, сите претставници на парламентарните групи дале поддршка. 

Тој ја поздрави иницијативата на премиерот Зоран Заев за состанок на сите парламентарни партии на кој би се договорале деталите за референдумот. 

Во однос на формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) кое е клучно за одржување на референдумот, Локвенец рече дека тоа е приоритет за сите.

- Сметаме на совесноста на парламентарната опозиција и одважувањето да се откочи овој исклучително важен процес за сите граѓани во државата. Преку формирањето на ДИК се отвара патот за отпочнување на сите процеси поврзани со распишувањето на референдумот, рече Локвенец.

Во врска со барањата на опозицијата пред да се избере новиот состав на ДИК, да бидат донесени законите за финансирање на политичките партии и за влада, Локвенец со став дека условот како услов секој ден надополнет со друг услов е излишно. Нагласи дека законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик се целосно усогласени. 

- Зборувате за Законот за влада и се спомнува некаква пржинска влада. Сите бевме сведоци за потребата од носењето на една таква одлука за воведување на предизборна пржинска влада. Пржинската влада ја исполни својата улога и својата функција. После пржинската влада имавме два циклуси на избори - парламентарни и локални кои од сите релеватни фактори беа оценети на највисоко демократско ниво, истакна Локвенец на прес-конференцијата во Собранието на Република Македонија. бак/скс/14:32

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ