Трамп: Јас сум многу стабилен гениј

Трамп: Јас сум многу стабилен гениј

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу стабилен гениј“ и прогласи сопствена победа на Самитот на НАТО, што денеска заврши во Брисел.

- Многу сум доследен, јас сум многу стабилен гениј, наведе Трамп.

Тој истакна и дека Самитот бил „прекрасен“ и дека тој го добил тоа што го бараше - повисоки финансиски приливи за буџетот на Алијансата. 

- Имаме огромен напредок. Повеќе држави се согласија на 33 милијарди долари. Заложбата на САД за НАТО останува многу голема. Прекрасно беше да се види степенот на добра атмосфера, неверојатно е добро ќе се согласиме и за Русија, наведе Трамп на прес-конференција во Брисел.

Трамп коментирајќи ја претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин наведе дека Русија е конкурент, а не непријател.

Американскиот претседател одговорајќи на новинарско прашање дали Путин претставува закана, потенцира дека рускиот претседател е „натпреварувач“.

- Дали ми е непријател? Не ми е непријател... Се надевам дека можеби еден ден ќе ми биде пријател. Едноставно не го познавам доволно добро, посочи Трамп. ми/14:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.