• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО, што собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе му ја предложи на Парламентот.

- Би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново. Секогаш вакви декларации и  резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина, рече пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена во 1993 година од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период. сст/сд/14:53

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ