• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Украдени лаптоп компјутери и опрема од основното училиште во Чаир

Украдени лаптоп компјутери и опрема од основното училиште во Чаир

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари.

Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар. Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој месец.

Украдени се 169 мали ученички лаптоп компјутери со полначи, 100 глувчиња за компјутери, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ.

Кражбата е извршена така што е влезено од еден од прозорците во училиштето и со употреба на физичка сила отворени се кабинетите од каде се одземени предметите.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот. бак/сд/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ