• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Инциденти во Северна Ирска во пресрет на „портокаловите маршови“

Инциденти во Северна Ирска во пресрет на „портокаловите маршови“

Белфаст, 12 јули 2018 (МИА) - Во Белфаст и други градови во Северна Ирска денеска избиле безредија во пресрет на одбележувањето на протестантската победа во битката кај реката Бојн во 1690 година.

Маскирани вооружени лица од редовите на протестантската заедница запалиле еден автобус и 12-ина автомобили во источниот дел на Белфаст, а полицијата предупреди дека се подготвувале и поголеми пресметки. Врз една полициска станица била фрлена импровизирана бомба. Вкупно полицијата имала неколку стотици интервенции, од кои најмалку 50-ина биле за разни пожари.

Протестантите во Северна Ирска, кои се залагаат за цврсти врски со Англија, традиционално организираат „портокалови маршови“ во чест на победата на кралот Вилијам Трети над католичкиот претендент на престолот Џејмс Трети. Обидите овие паради да се одржат во близина на католичките населби во Северна Ирска редовно предизвикуваат судири. цч/ми/15:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.