• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

СП2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

СП2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Москва, 12 јули 2018 (МИА) - Хрватскиот фудбалер Домaгој Вида му се извини на рускиот народ поради непримерните коментари по победата на Хрватска против Русија во четвртфиналето на Светското првенство.

Вида, кој во моментов игра за Бешикташ и е поранечен член на Динамо од Киев, во видео заедно со Огњен Вукојевиќ, по триумфот им порача на домаќините „Слава на Украина!“.

- Знам дека направив грешка. Сакам уште еднаш да им се извинам на Русите. Навистина не размислував и се извинувам. Но, некогаш таков е животот и мораме да учиме од сопствените грешки. Ги почитувам и Украинците и Русите и Србите со кои сум играл и играм во клубот, изјави Вида за руските медиуми.

ФИФА по овој испад го предупреди Вида, додека членот на стручниот штаб на хрватската репрезентација Вукојевиќ беше казнет со 15.000  швајцарски франци.

Хрватска ја совлада и Англија во полуфиналето, а дел од навивачите во Москва го исвиркуваа Вида при секој контакт со топката.

Во недела хрватската репрезентација ќе се соочи со Франција во борба за трофејот. дб/ми/15:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...