• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јули 2018, 

Полицијата пронајде оружје на нива во Порој

Полицијата пронајде оружје на нива во Порој

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - Полицијата во нива во Тетовско Порој ноќеска пронајде минофлач калибар 60 милиметри со 18 гранати и рачен фрлач РПГ-7 со 5 ракети кои биле ставени во шест вреќи.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека оружјето е пронајдено од страна на полициските службеници половина час по полноќ кога извршиле проверка на нива засадена со пченка во атарот на село Порој. 

Извршен е комплетен увид со учество и на јавен обвинител, оружјето е подигнато за натамошна постапка од припадници на Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Станува збор за старо и неупотребливо оружје кое ќе биде уништено во соодветна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.скс/сд/15:57

###

      

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ