Столтенберг и официјално му ја врачи поканата за НАТО на премиерот Заев (видео)

Столтенберг и официјално му ја врачи поканата за НАТО на премиерот Заев (видео)

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО официјално му ја врачи на Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници вчера во Брисел.

- Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз, рече генералниот секретар по потпишувањето. 

заев столтенберг поканаПремиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите за добрососедство.

-Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните,  признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска, рече Заев. 

Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан

-Како идна 30 земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион, додаде Заев. тм/сд/15:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...