• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Павлопулос: Решавање на името согласно историјата и Меѓународното право, па интеграција во ЕУ и НАТО

Павлопулос: Решавање на името согласно историјата и Меѓународното право, па интеграција во ЕУ и НАТО

Атина, 12 јули 2018 (МИА) - Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата зенја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос .

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето со Македонија.

- Се стремиме кон пријателски и добрососедски односи со ПЈРМ и во пракса покажуваме дека ја поддржуваме перспективата кон НАТО и ЕУ, но овде постои еден важен предуслов: решавање на прашањето со името согласно со историјата и Меѓународното право. За да се случи ова, како што имаме јасно кажано и тоа е позиција прифатена од НАТО и од Обединетите нации, треба, нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а најпрво во нејзиниот Устав, бидејќи Уставот каков што е сега не одоговара на предусловите, рече Павлопулос.

Грчкиот претседател истакна дека Атина чека, Македонија да ги исполни сите предвидени обврски, за потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, но и за да пристапи кон ЕУ и НАТО.

- Посакуваме овој процес да има поволен исход, но одговорноста, како што сите знаеме, ѝ припаѓа на соседната земја, додаде грчкиот претседател.

Павлопулос говореше и за делот од Договорот во кој се разграничуваат грчката од нашата Македонија и историјата, цивилизацијата и културата.

-Ние сме тука за да им го олеснијме патот, но потенцирам, да не отстапиме ништо од она што ни припаѓа, согласно нашата историја и нашата култура, рече Павлопулос, пренесе МИА. ср/сд/16:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ