• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Воротников: Арктикот може да стане светски центар за складирање на податоци

Воротников: Арктикот може да стане светски центар за складирање на податоци

Москва, 12 јули 2018 (МИА) - Арктикот може да стане еден од најголемите светски центри за складирање на податоци на меѓународните компании, изјави денеска проектниот офицер за развој на Арктикот, академик Александер Воротников.

Тој додаде дека многу меѓународни компании, како на пример Фејсбук, имаат центри за податоци во близина на поларниот круг.

- Русија има голем потенцијал на природен студ, што е неопходно за работа на центар за податоци, истакна Воротников, додавајќи оти поединечни регионални власти им понудиле на инвеститорите територии за организирање на складишта за податоци.

Воротников потенцира дека Русија има и правна основа за развој на таков проект.

Кон крајот на минатиот месец Русија усвои закон со кој се регулира механизмот за соработка помеѓу јавниот и приватниот капитал во информатичките технологии. ми/16:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...