• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јули 2018, 

Се запалил автобус без патници на обиколницата Сарај - Волково

Се запалил автобус без патници на обиколницата Сарај - Волково

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) – Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува.

Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и брзо се проширил во кабинскиот дел.

Бус пожар 2

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томевски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат и оти е интервенирано со четири возила и осум пожарникари. 

Пожарот бил пријавен во 13.55 часот, а интервенцијата траела до 15.30 часот. Полицијата прави увид на местото на настанот. хс/бак/16:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ