• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

СП2018: Невил се сомнева дека Кејн играл повреден

СП2018: Невил се сомнева дека Кејн играл повреден

Лондон, 12 јули 2018 (МИА) - Англиската јавност тешко ќе го преболи поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија, а многумина сметаат дека капитенот Хари Кејн е еден од виновниците за поразот.

Меѓутоа, легендарниот англиски фудбалер Гери Невил излезе со тврдење дека најверојатно Кејн на Мундијалот играл повреден.  

- Нема да ме изненади ако во следниот период чуеме за повредата на Кејн. Уште на второто полувреме против Колумбија отежнато се движеше, а против Шведска беше статичен. Тоа не е изговор, туку едноставно не делуваше добро, истакна Невил.  

Тој го пофали резултатот на англиската репрезентација и истакна дека овој тим има голема перспектива.

- Пред три седмици јавноста немаше врска со овој тим и луѓето на нив гледаа со очај. Сега сите ги сакаат и играчите треба да бидат горди на тоа. Тие беа најмладата екипа на турнирот и сигурен сум доколку имаат повторно можност да стигнат до финале ќе ја искористат, наведе Невил.

Хрватска ја совлада Англија во полуфиналето со 2:1. дб/ми/17:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...