• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Матис: САД се сто проценти ангажирани во НАТО

Матис: САД се сто проценти ангажирани во НАТО

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека Вашингтон целосно го поддржува НАТО, додавајќи дека Алијансата станала посилна по дводнениот Самит, благодарение на реформите и преземените обврски од сојузниците.

Тој на прашањето за ангажманот на САД во НАТО истакна дека тоа е „точно како што опиша претседателот (Трамп): Сто проценти ангажираност во НАТО“.

- НАТО е посилен денеска отколку вчера, посилен отколку пред една недела, посилен отколку пред еден месец, посочи Матис. ми/18:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.