• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Порошенко: Никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО

Порошенко: Никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО

Киев, 12 јули 2018 (МИА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска изјави дека на Самитот на НАТО сите земји членки изразиле целосна поддршка за политиката на Киев за членство во Алијансата.

- Нема да кажувам датуми, но сакам да кажам дека никој нема да успее да го блокира членството на Украина во НАТО. Тоа е суверено право на украинскиот народ, посочи Порошенко по завршувањето на Самитот на Алијансата.

Тој додаде дека поголемиот дел од украинските граѓани го поддржуваат курсот на Украина кон НАТО.

- Конечно ги завршивме разговорите дека членството на НАТО ќе ја иритира Русија, посочи Порошенко.

Украинскиот претседател во Брисел имаше средби со американскиот и францускиот претседател Доналд Трамп и Емануел Макрон, при што разговарал за нивните претстојни средби со претседатлот на Русија, Владимир Путин. ми/18:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...