Официјална Тирана го честиташе добивањето покана за НАТО

Официјална Тирана го честиташе добивањето покана за НАТО

Тирана,12 јули 2018 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета и честиташе на Македонија за добиената покана за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО.

Притоа, Мета поканата ја оценува како понатамошен катализатор за безбедноста во регионот на Западен Балкан.

Преку социјалната мрежа Твитер, Мета напиша дека Самитот на НАТО ја зајакнал суштинската поврзаност на Алијансата преку ангажирачките одлуки за сите земји.

- Самитот на НАТО во Брисел ја зајакна значајната трансатлантска поврзаност преку поангажирачки одлуки за сите. Ја поздравувам добиената покана за  членство на идната Република Северна Македонија, катализатор за поголема безбедност и стабилност во Западен Балкан, напиша Мета.

Добивањето на поканата ја поздрави и премиерот Еди Рама.

- Високо оценувајќи го договорот постигнат меѓу Атина и Скопје, Албанија го поддржува почетокот на процедурите за што побрзо членство во НАТО на Република Северна Македонија, напиша Рама на фејсбук. вт/лв/18:52

###

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...