• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јули 2018, 

Вулин: Македонија и Србија немаат исти цели

Вулин: Македонија и Србија немаат исти цели

Белград, 12 јули 2018 (МИА) - Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му одговори на премиерот Зоран Заев за неговите изјави дадени во Брисел, велејќи дека Македонија и Србија немаат исти цели и дека Србија ќе остане воено неутрална и слободна земја.

За време на самитот на НАТО во Брисел, Заев рече дека се надева оти решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот. 

- Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме слобода и самостојност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална и слободна, па макар била и последната земја која не е членка на НАТО пактот, изјави министерот Вулин. об/цч/ 19:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ