• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Величковски: Со прогресивен раст на буџетот за Армијата до стандардите на НАТО

Величковски: Со прогресивен раст на буџетот за Армијата до стандардите на НАТО

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - Приоритет на буџетот за Армијата во оваа година е набавка на униформи и чизми. Тендерот е веќе објавен и се очекува да заврши до крајот на годинава и сите припадници да добијат најмалку по два пакета борбена униформа, изјави началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма тој рече дека Буџетот за армијата како стандард во НАТО е дефиниран на 2 отсто од БДП, а буџетот на Одбрана и на Армијата во минатите години бил приближно на ниво од 1 отсто.

- Најавено е тој прогресивно да расте со цел да го достигнеме стандардот на НАТО. Верувам дека тоа ќе се случи што ќе овозможи  развој, обука и одржување на борбената готовност на рамниште кое ќе биде потребно како земја-членка на НАТО, истакна Величковски.

Приоритетот на АРМ е одржување на потребното ниво на борбената готовност со цел да се одговори на задачите, посочи началникот и појасни дека буџетот во НАТО-земјите и кај нас се дели процентуално и 50 отсто одат во таа намена. 

- Триесет отсто одат во одржување и операции и 20 отсто за опремување и набавки. Принципот кој го применувавме ние низ годините е доделениот буџет да се распределува отприлика во тој размер, рече Величковски, додавајќи дека се случувало за плати да  одат скоро 60 и повеќе отсто од буџетот и потоа средствата кои ќе останат да се делат по приоритети.

Настојувавме, честопати на работ на импровизација, рече началникот на ГШ на АРМ, да обезбедиме средства за Армијата, а во 30-те отсто има фиксни трошоци - комунални, трошоци за погонски средства и горива, храна.

- Од средствата коишто остануваа правевме приоритети. Од година во година тие се менуваа, меѓутоа она што е приоритет со буџетот за оваа година е конечно набавка на униформи и чизми кои беа доведени во критична состојба. Во Армијата мора да се има континуитет за набавките. Тендерот е веќе објавен и очекуваме дека до крајот на година успешно ќе заврши и сите припадници да добијат најмалку по два пакета борбена униформа, рече Величковски. 

Армијата нема независен буџет. Буџетот или средствата коишто и се доделуваат, Армијата ги планира, меѓутоа, согласно Законот за реализација на Буџетот и другите законските прописи, одговорноста е во Министерството за одбрана.

Пред секоја календарска година, согласно доделениот буџет, ГШ на АРМ прават план за јавни набавки со приоритети и откако ќе се одобри од министерот за одбрана во првите два месеца во календарската година се изработуваат реферати за набавки кои се доставуваат до Секторот за логистика во МО.

- Од тој момент, одговорноста и начинот на вршење на процедурите и финалната фаза согласно законите е во МО. Ние сите овие години од формирањето на АРМ, сите гарнитури во ГШ и во сите нивоа на командување, инсистираме да дојде до децентрализација на буџетските средства, додаде Величковски. хс/лв/20:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...