• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Апсење во Приштина по налог на Интерпол

Апсење во Приштина по налог на Интерпол

Приштина, 19 јули 2018 (МИА) - Косовската полиција уапси четири лица во Приштина под сомнение дека се поврзани со убиства и криминал. Акцијата е спроведена по налог на Интерпол.

Меѓу уапсените двајца се државјани на Црна Гора, еден на Србија и еден Косовец. Двајцата Срби се осомничени за убиства и киднапирање на луѓе во последните години во Србија.

При акцијата пронајдено е и огнено оружје, муниција и наркотици. ми/08:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.