• A-
  • A
  • A+
среда, 22 август 2018, 

Седуммина загинати при напад во џамија во Нигерија

Седуммина загинати при напад во џамија во Нигерија

Лагос, 23 јули 2018 (МИА) - Седум лица загинаа, а седум други се ранети денеска кога бомбаш самоубец активирал експлозивна направа во џамија во градот Кондуга во северозападниот дел на Нигерија, јави ДПА.

Нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА) соопшти дека нападот бил извршен за време на одржување на молитва во џамијата.

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, што се случи во регон во кој дејствува исламистичката група Боко Харам. 

Групата се залага за создавање исламиска држава на териториите на северна Нигерија и делови од соседните земји Чад, Нигер и Камерун, каде често извршува напади.

Во напади на Боко Харам од 2009 година, па досега, загинаа десетици илјади лица. сп/17:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.