• A-
  • A
  • A+
среда, 22 август 2018, 

Угљанин: Вучиќ и Брнабиќ не се претседател и премеир на Бошњаците во Србија

Угљанин: Вучиќ и Брнабиќ не се претседател и премеир на Бошњаците во Србија

Белград, 23 јули 2018 (МИА) - За Бошњаците во Санџак, Александар Вучиќ не е претседател, Ана Брнабиќ не е премиерка, ниту Ивица Дачиќ и Александар Вулин се министри, изјави денеска во Нови Пазар претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Србија, Сулејман Угљанин, 

- Српските државни органи на српската држава Србија се легитимни претставници на српскиот народ, чии интереси ги претставуваат и мислам дека тоа добро го работат. Ние сакаме да разговараме за идните односи со нив, но тие не се наши премиери, претседатели, министри или пратеници. Ниту Дачиќ, ниту Вулин. Тоа нека го исфрлат од своите глави. изјави Угљанин, кој е и лидер на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА).

Тој српската Влада ја нарече „привремен орган на Република Србија, со српски предзнак“, додавајќи дека Вучиќ, Брнабиќ и останите членови на властите „го претстапуваат остатокот од Србија, до границата со Косово и нивните овластувања се дотаму“.

Во своето обраќање на прес-конференција откако на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли не му беше дозволено да присуствува на трибина на БНС во Нови Пазар, Угљанин ја обвини целата српска Влада дека со „своите изјави и дезинформации изрекле опасни закани кон бошњачкиот народ во Санџак“.

Објаснувајќи ја поканата за посета на Пацоли на Санџак, Угљанин рече дека тоа е направено со цел да се чуе и другата страна од преговорите за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

- Ги повикавме сите наши угледни луѓе од Санџак и од Прешевската Долина да слушнат нешто поврзано со процесот на регионална стабилност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, за да го чуеме и министерот за надворешни работи на Косово, со кого Вучиќ и Дачиќ разговараат во Брисел, истакна Угљанин.

Тој нагласи дека српските државни органи, особено Вооружените сили, претставуваат реална и објективна закана за Бошњаците и дека се непријателски ориентирани кон нив.

На прашањето дали би ја признал независноста на Косово, Угљанин рече дека тоа веќе го сториле повеќе од 100 земји и дека тој би го направил истото кога би бил во таква позиција.

- Косово е признато од 147 држави. Ние кога би биле држава, јас веднаш би го признал. Но, ние не сме држава. Но, како роднини, Албанците и Бошњаците се автохтони народи со прасловенско потекло", нагласи Угљанин. об/сп/17:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.