• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Ќурчиевска: МИА започна да работи со тим полн со ентузијазам

Ќурчиевска: МИА започна да работи со тим полн со ентузијазам

Скопје, 21 септември 2018 (МИА) - Една од првите вработени во Македонската информативна агенција (МИА), Лилјана Ќурчиевска, која се уште е дел од тимот во англискиот сервис на Агенцијата, во интервју по повод 20-годишнината од постоењето на МИА се осврна за работата на нашиот медиум „некогаш и денес“.

Пред 20 години бевте дел од првата новинарска екипа на МИА. Какво е Вашето сеќавање за почетоците на Агенцијата и нејзиното работење?

Инаугурацијата на МИА и нејзиното етаблирање на медиумската сцена во Македонија за мене е еден од најубавите периоди во мојот 35-годишен работен век. Тим на соништата, полн со ентузијазам, желба да се научи, совршени услови за работа. Прекрасно е чуството да се биде дел од напорите за создавање на институција со интегритет и кредибилитет, проект за чија реализација најголемата заслуга му припаѓа на тогашниот директор Зоран Иванов.

Со какви предизвици се соочуваше МИА во текот на нејзиното „растење“?

Е, тоа е веќе друга приказна. МИА помина низ „лош“, па „поволен“ и потоа  „прилично лош“ период  во однос на уредувачка, кадровска политика, професионални стандарди, меѓучовечки односи.  Се надевам дека сите „лоши“ периоди се зад нас и  поволните ветришта кои веќе се чуствуваат во нашата држава (неповторливата шанса Македонија конечно да ужива статус на ЕУ и НАТО членка и да стане дел од цивилизираниот свет) и во агенцијата ќе се рефлектираат врз работата на МИА.

Можете ли да издвоите некој момент од тој период што Ви предизвикал најголема импресија или разочарување при извршување на работните задачи?

Мислам дека убавите импресии веќе ги наведов во одговорот на првото прашање. За жал имаше и многу разочарувања, главно поврзани со уредувачката политика, која во најлошите периоди дури го поткопа кредибилитетот на Агенцијата што за мене е голем грев.

Од оваа временска дистанца, дали сметате дека МИА го оправда своето постоење?

Секако. Секоја институција, додека расте и созрева, минува низ различни искуства, и се надевам дека МИА извлече поуки од оние што се покажаа како погубни и веќе успева да си го поврати интегритетот. Со професионален менаџерски и новинарски тим убедена сум дека МИА ќе го достигне квалитетот на еминентните новинските агенции на Балканот, па дури и во Европа. Тоа е единствената формула за успех.
Од личен аспект мило ми е што МИА е последната станица пред моето заминување во пензија. За овие дваесет години научув многу и имав чест да се дружам и соработувам со прекрасни луѓе. Среќен роденден МИА!

Габриела Точко

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...