• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Војводиќ: Улогата на МИА не се разликува од останатите агенции во регионот

Војводиќ: Улогата на МИА не се разликува од останатите агенции во регионот

Скопје, 24 септември 2018 (МИА) - Директората на хрватската новинска агенција ХИНА, Бранка-Габриела Војводиќ во интервју по повод 20-годишнината од работењето на МИА го изрази своето задоволство од соработката меѓу двете агенции.

Како ја оценувате досегашната соработка со МИА?

Соработката со Вашата агенција ја оценувам како исклучително добра и пријателска. Ги разбирам сите напори што ги вложувате во врска со финансиската одржливост на агенцијата, а воедно и во новинарската професионалност и независност. 

Каква е според Вас улогата на МИА во регионот?

Сметам дека улогата на МИА не се разликува од улогата на останатите агенции во регионот. Работата на агенциите се темели секако врз независност, брзина, професионалност и непристрасност.

Која е Вашата порака за МИА по повод 20-годишниот јубилеј?

Од срце Ви посакувам уште повеќе влијание, корисници, подобри услови за работа, повисоки плати и сите други поволности кои ќе ви овозможат да го дадете најдоброто од себе во својата работа. И секако, Ви ги честитам првите 20 !

Габриела Точко

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...