• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Блерим Груби: МИА е важен информативен прозорец за граѓаните на нашата земја

Блерим Груби: МИА е важен информативен прозорец за граѓаните на нашата земја

Скопје, 22 септември 2018 (МИА) - МИА е многу важен прозорец што се однесува до информирањето на граѓаните на Македонија, изјави познатиот виолинист Блерим Груби во интервју по повод 20-годишнината од основањето на Агенцијата. Тој ја охрабрува МИА да продолжи да известува повеќе за постигнувањата во областа на образованието и културата, бидејќи, според него, само тие оставаат траги во историјата на еден народ и на една земја.

Веќе 20 години МИА како јавен професионален сервис за информирање се занимава и со теми од приватниот и од деловниот живот на јавните личности. Колку е неопходна за Вас соработката со државната новинска агенција, имајќи предвид дека таквите теми обично се дел од некои забавни списанија, таблоиди, ТВ-емисии или други специјализирани медиуми?

Колку брзо поминаа 20 години! МИА е многу важен прозорец што се однесува до информирањето на граѓаните на нашата земја. Вие почнавте со една професионална екипа и вашите информации овозможија добивање точни информации во нашата земја.

Во овие турбулентни времиња, кога се појавија разни и сомнителни таблоиди, МИА придонесува за коректно информирање на различни општествени теми. 

Имате ли некаков предлог што МИА би можела да го прифати во иднина за проширување на нејзините содржини, со цел да има поблиска соработка со истакнати личности од областа на музиката, спортот, филмот, театарот...?

Да, како и вообичаено, вашата редакција треба да продолжи да информира правично и да биде непристрасна кон многуте барања на различни фактори и субјекти во општеството. Презентирањето проекти на индивидуалци и познати личности е неопходно да го задржите, бидејќи со вашето информирање публиката поблиску ќе се запознае со вредностите на одредено дело.

Колку за Вас е важна соработката со медиумите во текот на кариерата и дали мислите дека медиумското претставување е исто толку важно колку и талентот за постигнување на Вашиот стремеж?

Објавувањето информации за еден концерт или манифестација е многу важна работа. Важно е да се почувствува атмосферата, да се знае дека новинарите ќе известуваат од настанот. Од посебен интерес е да се промовираат младите таленти, да ги запознае јавноста и да се биде поблиску до читателот.

Со каква порака ќе ѝ го честитате 20-годишниот јубилеј на МИА?

Да продолжите да известувате повеќе за постигнувањата во областа на образованието и културата, бидејќи само тие оставаат траги во историјата на еден народ и на една земја.

Бесник Шуки

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...