• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

И МАНУ „За“ Договорот - зачуван идентитет и економски бенефиции

И МАНУ „За“ Договорот - зачуван идентитет и економски бенефиции

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Зачувување на идентитетот и економските бенефиции, кои ќе произлезат од интегрирањето во ЕУ и НАТО се придобивките од Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името, е ставот со кој излезе Македонската академија на науките и уметностите, во врска со договореното и во пресрет на претстојниот референдум, закажан за 30 септември.

Академиците вчера организираа научна расправа на која ги изнесоа своите ставови во врска со Договорот и процесите кои со него се отвораат насловена како „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатланските интеграции на Република Македонија“, на која беа поканети претставници на Владата, поранешни функционери, амбасадори, претставници на научната фела.

МАНУ со генерална поддршка за Договорот, иако сите нејзини членови не се согласуваат со него во целина.

Ставовите на МАНУ за спорот со Грција околу името се градат во континуитет од 1992 година до денес и тие, како што велат оттаму се научно засновани и аргументирани. Се менувале со менување на политичките, општествените и економските прилики, а во сегашната констелација овој Договор е најдобро решение и друга подобра алтернативна нема. 

Во периодот од 1992 година до влегувањето на преговорите во кризна фаза МАНУ објавила 12 документи, ставови, обраќања, студии, платформи за ова прашање, а откако се интензивираа преговорите минатата година Академијата за потребите на преговарачкиот тим подготви платформа со аргументација за некои неодржливи делови од барањата на Грција. 

- Суштината на ставовите на МАНУ во врска со спорот беа - треба да се прифати име со географска одредница за меѓународна употреба, алтернатива на инсистирањето за промена на Уставот е меѓународен договор, никој нема легитимно право да преговара за идентитетските прашања на нашата земја и барањето на Грција името со географска одредница да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо се неприфатливи бидејќи суштински гледано навлегуваат во нашиот идентитет, посочи вчера на научната расправа првиот човек на институцијата, академик Таки Фити. 

Таки Фити

Нагласи оти академиците немале илузија дека сите нивни барања ќе бидат прифатени од другата страна.

- Бевме свесни за фактот дека договорот ќе претставува компромис на преговарачките страни, дека компромисот ќе се постигне само доколку секоја страна нешто даде, а нешто загуби и дека компромисот е состојба кога двете страни изразуваат незадоволство со дел од постигнатите решенија. Длабоко сум свесен дека прашањето за името е тешко и болно и оттука природно и нормално е да има спротивставени ставови и погледи и во МАНУ, нагласи Фити.

Посочи дека различните мислења и несогласувања со дел од решенијата од договорот се нормални и разбирливи.

- Но сакам да потенцирам дека дека легитимитетот и кредибилитетот на различните погледи е валиден само доколку тие се добро аргументирани, проследени со добро аргументарани предлози за алетарнативни решенија, во спротивност академската фела ја губи својата научна смисла, додаде првиот академик.

Договор со Грција

МАНУ со став дека од Договорот има две круцијални придобивки. Идентитетските прашања - јазикот, националноста, културата, традиција се дефинитвно решени и зацврстени. Второ екомските бенефиции од зачленувањето во НАТО и отстранување на препереките за забрзанта интеграција во ЕУ ќе имаат специфична економска тежина.

Фити напомена дека бројни студии за членството во НАТО покажуваат дека постои нагласена корелација меѓу зачленувањето во НАТО и динамиката на економскиот раст и развој на новопримените членки. 

Со интерирањето на земјата, нагласува МАНУ ќе се зголемат странските директни инвестиции, ќе се подобри институционалната рамка и бизнис климата, односно владеењето на правото и сигурноста за водење бизнис, а ќе се променат на очекувањата на економските субјекти дома и надвор.

Со Договорот се отвора патот и за менување на името на МАНУ, како и некои други институции, како што се МНТ, МРТВ, МОБ...

Во членот 1 од Договорот се наведува дека  придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“.

Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавката во однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7.

МАНУ ќе има консултации со експерти со цел да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа.

Академик Владо Камбовски нагласи оти во Договорот јасено се дефинира каде се користи придавката. 

Владо Камбовски

- Таа се користи за јавните институции, чиј поим е доста широко определен, кои вршат јавни функции, но и јавните институции во сферата на културата,  образованието, науката. Ова останува евенетуално предмет за натамошни разговори во духот на едно бона фиде толкување на таа одредба во однос на инстиуции кои се во независната сфера на општеството како МАНУ, поради нивното брендирање во светската, научната и културната јавност. Да можат да го задржат тоа име и придавката македонски, рече Камбовски, нагласувајќи оти за ова прашање ќе се разговара со други научни академии. 

Фити истакна дека Академијата е буџетска институција, но не комплетно. Дел од средствата се од научни проекти.

- Од самото наше формирање како академија имаме извонредно голема самостојност и во поглед на вработување и во поглед на научни објекти и заради тоа можеме да се надеваме на флексибилност да се размисли доколку ова може да се реши бона фиде. Но што и да се случи не ја намалува нашата убеденост за успешното решавање на идентитетските прашања, рече Фити. ац/са/07:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ